Седум лица се удавија во Франција поради силниот ветар и морските струи

Поради силниот ветар и јакото морско струење, седум лица се удавиле во одвоени случаи, на францускиот брег од Медитеранот. За време на викендот вкупно девет лица настрадале под слични околности.

Причина се наведува силниот југоисточен ветар кој дувал со дури 130 километри на час, кој предизвикал силно струење на морето.