40 повредени при судир на возови во Швајцарија

Најмалку 40 лица беа повредени при судир на два патнички возови во Швајцарија.

Несреќата се случила во близина на железничката станица во Гранж-пре-Марнанд, во Западна Швајцарија.

Едниот воз ја напуштал станицата додека пак другиот доаѓал од Лозана.