„Принцот жаба“ утревечер на Градскиот базен „Атина Бојаџи“

Утре, среда со почеток во 20 часот, во соработка помеѓу ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ и Јавното претпријатие „Билјанини Извори“, на Градскиот базен „Атина Бојаџи“ ќе гостува реномираниот театар за комедија и драма „КРИК“, на која ќе се изведе претставата за деца „ПРИНЦОТ ЖАБА“. Улогите ги толкуваат Сашо Ристовски, Роберт Ристов и Мирјана Поповски – Ристов.

За музичкиот дел ќе се погрижат дечињата од фестивалот „Распеано рибарче“.

Влез: 60 денари (фамилијарна влезница).