По објавувањето на општинскиот литературен конкурс за најдобар расказ „Живко Чинго“ за 2013 година, распишан од страна на Општина Охрид, пристигнаа 48 раскази од кои 2 не ги исполнија условите на конкурсот. Откако истече рокот за доставување на расказите градоначалникот Никола Бакрачески донесе решение за формирање на жири комисија која имаше за задача да изврши избор на најдобар расказ.
Жири комисијата составена од Славе Ѓорѓо Димоски како претседател и Ирена Бачиќ и Зоран Јакимоски како членовин донесе одлука наградата „Живко Чинго“ за 2013 година Општина Охрид да му ја додели на авторот на расказот„Трансакција“ под шифра „Мува“.
Авторот кој го испратил расказот под оваа шифра е должен авторството да го докаже со доставување на четвртиот примерок од расказот најдоцна до 09.08.2013 година во просториите на Одделението за образование ,култура, детска,социјална и здравствена заштита при Општина Охрид.
Наградата од 30.000 денари на годинешниот добитник ќе му ја врачи градоначалникот Никола Бакрачески на свечената манифестација „Вечер на Живко Чинго“ на 13.08.2013 година во атарот на црквата „Света Петка“ во Велгошти родното место на великанот Живко Чинго.