Со „Happy Birthday“ во изведба на, како што го нарекуваат „ѓаволскиот виолинист“ – Роби Лакатош, и роденденска торта, „Охридско Лето“ денеска во празнична атмосфера го прослави роденденот, 53 години успех на врвот на светската уметничка сцена.
Славниот виолинист направи вистинско уметничко доживување за сите посетители свирејќи македонска музика. Посака Фестивалот да слави уште многу години, но и тој повторно да биде дел од фестивалската програма.
„Навистина ми е драго што ќе настапам токму на овој фестивал. Програмата ви е прекрасна и огромно е задоволството што јас сум еден од овие одлични изведувачи. Имате прекрасен каталог, се е светски“, рече Лакатош.