Вечерва со почеток во 21:00 часот во големата сала во Центарот за култура „Григор Прличев“ на програмата на „Охридско Лето“ е Кинотека на Македонија односно „Црно семе“ кој e македонски игран филм по сценарио на Ташко Георгиевски, а во режија на Кирил Ценевски.
Кирил Ценевски е филмски режисер и сценарист. Студирал на Архитектонско-градежниот факултет во Скопје. Со киноаматеризам се занимава уште од студентските денови. Првпат на игран филм професионално е ангажиран како асистент на режисерот Љубиша Георгиевски, во филмот „Цената на градот“ во 1970 година. Во 1971 година Ценевски го режира филмот „Црно семе“, за кој добива повеќе награди: „Златна арена“ за режија на фестивалот во Пула, „Златен венец“ за најуспешно деби, 11 Октомври и др. Добитник е на бројни награди.
„Црно семе“ е посебно важен за актерот Дамевски, бидејќи за својата главна улога во овој филм, ја има добиено Златната арена за најдобра машка улога во 1971 година во Пула и уште многу други награди. Филмот има добиено многу награди, како наградата „Златна арена“ за режија и најдобра машка улога, „Златен венец“ за најдобро дебитантско остварување, доделени во Пула, 1971 година.
„Може ли да се избрише минатото на еден народ? Во секоја една нишка, а не, пак, народ, кој зад себе го има вековното паметење и во тоа паметење го има него, се има себеси (единката или народот) – во сеќавањата“, изјави Ташко Георгиевски.
До кога, ќе мораме да го докажуваме нашето име, презиме и идентитет?
ДОСТА Е, ДОСТА… Но, и покрај тоа НИЕ ќе истраеме ние сме народ кој до последен здив на своето живо тело ќе се бори, ние ќе успееме да го докажеме кога тогаш нашиот идентитет, но, сепак, никогаш нема да дозволиме ТИЕ да си играат со мојот, твојот, неговиот, нивните, заедничките човечки идентитети.
„Црно семе“, роман во кој е прикажан прикриениот крик на човекот, устата се отвора ама збор не излегува, безгласен. Тој човек е лишен од својата земја, од својата култура, националност, ова е дело на поматен мозок, а како резултат на тоа цела една нација се преобразува во безлично суштество кое не е човечко, кое во себе ’рти црно семе, семе на бездомност и безименост, кој не знае за ништо друго освен за свет на страдања и мрак, во туѓина.
Кој ќе излезе победник, кој ќе стане предавник? Дали предавникот ќе сфати дека не ја предал само земјата, туку и самиот себе? Дали предавството е исто како и насилството? Кој ќе оди потоа со крената глава, кој со спуштена, секако, доколку живи останат…
„Црно семе“ заслужува дел од Вашето време и пред сè од Вашето внимание.