Јавна презентација и јавна анкета по Локалната урбанистичка планска документација во Општина Дебрца

Врз основа на член 50 -а став 6  од Законот за просторно и урбанистичко планирање, градоначалникот  на  Општина – Дебарца, Игор Трајкоски, го донесе соопштението за организирање на јавна презентација и јавна анкета по Локалната урбанистичка планска документација за градежна парцела 1, за изградба на фотоволтаична централа со моќност од  850 kw, класа на намена – Е 2 – комунална супраструктура,  на  КП.  112,  мв. Престој, КО- Ново Село, општина – Дебарца.

  1. Се организира Јавна презентација и јавна анкета по  ЛУПД – Локална  урбанистичка планска документација, со тех.бр.У02-04/13, изработена од  „ Иванов инжињеринг “ Битола, за  изградба на Фотоволтаична  централа,  со класа на намена  Е 2 – комунална супраструктура,  на  КП. 112,  мв. Престој,  КО- Ново Село,  Општина  –  Дебарца.
  2. Плански опфат: ЛУПД  се однесува за просторот опфатен со КП. 112,  КО-  Ново Село,  со површина од  11641,00  м2.
  3. Јавната презентација ќе се одржи на  07.08.2013 година, со почеток во 12:00 часот во просториите  на  општината – Дебарца.
  4. Јавната анкета по Локалната урбанистичка планска документација  ќе трае од  01.08.2013 до 09.08.2013 година.
  5. ЛУПД – Локалната урбанистичка планска документација,  ќе биде изложена во просториите  на  Општина – Дебарца,  секој  работен  ден  од  09:00  до 16:00 часот.

Во определениот рок заинтересираните правни и физички лица од конкретното подрачје опфатено со планот можат да достават писмени забелешки, предлози и мислења на анкетните  листови.