Запленет глисер во водите на Охридското Езеро

Мобилните царински екипи викендов запленија моторен чамец-глисер EVINRUDE – HUSTLER 75943.

На 03.08.2013 година, при вршење контрола на пловните објекти во водите на Охридско Езеро, царинските инспектори, во соработка со припадници на Капетанијата и Езерската Полиција на Охридско Езеро, кај плажата Горица 3 запреа моторен чамец-глисер со италијански регистарски ознаки, управуван од македонски државјанин. При контролата е утврдено дека глисерот бил внесен во Република Македонија пред седум години без за него да биде спроведена соодветна царинска постапка и да бидат платени царински давачки. Сопственикот не поседувал никаква документација за да го докаже спротивното. Глисерот, чијашто вредност се проценува на околу 183 илјади денари е привремено задржан, а против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава.