Будва остана без струја

Будва моментално се наоѓа во енергетски колапс, со оглед на тоа дека по трет пат во последните 12 часа остана без електрична енергија поради хаварија кај трафостаницата „Марковичи“.

Првата хаварија се случила синоќа околу 22 часот. Локалите, како и домаќинствата останале во мрак неколку часа.

Како што е соопштено од Црногорскиот електропреносен систем, екипите успеале да го санираат дефектот на трафостаницата, но после полноќ градот повторно останал без струја. Исто така и утрово по трет пат, околу 9 часот, Будва повторно остана без струја.

Во градот се наоѓаат околу 70 илјади туристи, а угостителите најавуваат дека ќе бараат оштета од Електростопанството на Црна Гора, поради загубата која им е нанесена со немањето на електрична енергија. Од друга страна, водоснабдувањето во градот е без прекин.