Градоначалникот Бакрачески со честитка за Рамазан-бајрам

По повод големиот верски празник Рамазан-бајрам, градоначалникот Никола Бакрачески упати  честитка до граѓаните на Охрид со исламска вероисповед.

„Ви  посакувам овој голем празник да го поминете во добро здравје, радост, среќа и хармонија, споделувајќи љубов со ближните. Преку  меѓусебното  почитување и толеранција, овој голем празник, ги  потврдува универзалните вредности  на човекољубието и заедничкото во различните  верски определби. 

Веруваме  дека граѓаните со исламска вероисповед од Охрид, како нераскинлив дел од македонското општество и натаму ќе бидат активни чинители во градењето на заедништвото и меѓусебно разбирање“, – се вели во честитката на градоначалникот Бакрачески.