Вечерва со почеток во 20:00 часот во НУ Центар за култура „Григор Прличев“ ќе биде отворена изложба на „Арт Агент“ од Стокхолм, Шведска. Во рамките на фестивалот „Охридско Лето“ – 2013 „Арт Агент“ од Шведска ќе се претстави со перформанс, филм, звучна и светлосна скулптура. Во проектот учествуваат шведските уметници Лот Алфредс, Хелена Бистром, Ана Калблад и Шарлоте Аберг- членови на шведската група „Арт агент“, чија главна активност е инспирирана од социјалната скулптура.
Шведските уметници имаат активна соработка со македонските уметници од КЦ „Медија Артес“, тековно во проектот поддржан од ЕУ, а со наслов „Замисли си го невидливото“, кој започнува на есен и ќе се реализира во Албанија, Македонија, Шведска и Хрватска.
„Театарот тропа на врата!“
„Дротингхолмс Слотс“ театарот од Стокхолм, основан во 1766 година кој сè уште работи, го посетува театарот од Охрид.
Филмска инсталација и перформанс во и околу градскиот театар.
Работа во тек од страна на уметникот Хелена Бистром во соработка со кореографот Ана Калблад. Финалниот продукт ќе биде презентиран и во Стокхолм, Шведска.
„Унисекс“
Што е женско/машко? Како родовите аспекти се прикажани преку облеката и движењата?
Учесниците во перформансот почнуваат да размислуваат за тоа, што значи родот за нив и како нивните лични движења се поврзани со облеката што тие вообичаено ја носат во нивниот секојдневен живот. Како човечки суштества прикажуваме еден вид штит, префинета површина, моделирани и создадени после многу години практика и културна адаптација. Претставата „Унисекс“ е имагинација. Тоа е еден вид на сенишна трансцеденција каде што половите се способни ја да менуваат формата и да преминуваат еден во друг.
„Унисекс“ е соработка помеѓу уметникот Шарлоте Аберг, кореографот Ана Калблад и уметници од КЦ „Медија Артес“ и Охридскиот народен театар.
„Дополнителен сјај“
Лот Алфредс ќе ја прикаже и интерактивната звучна скулптура во форма на рачно дувано стакло и светлосна инсталација –„Дополнителен сјај“.