Научниците открија ласерски „тест на смртта“, кој може да каже колку долго ќе живеете. Ласерскиот тест може да одреди кога ќе умре некоја личност и тоа е прв тест од ваков вид во светот. Уредот го анализира ткивото низ кожата, и мери како телото ќе старее со годините.
Овие клетки се наоѓаат во капиларите и одговараат на сложени активности од нашето тело. Уредот кој го патентираа британските научници, го мери протокот од максималното до минималното ниво во ендотелните клетки, а потоа се анализираат резултатите.
Резултат 0 (нула) значи смрт, додека пак 100 подразбира оптимална функција, па според тоа научниците можат да го пресметаат времето до смртта. Со ласерскиот импулс исто така ќе може да се тестираат и некои болести, како на пример рак.
Тестот кој го предвидува времето на смртта го дизајнираа експерти од Универзитетот во Ланкастер, Велика Британија, а во пракса би требало да се појави за три години.