Откриен ласерски тест кој го предвидува времето на смртта

Научниците открија ласерски „тест на смртта“, кој може да каже колку долго ќе живеете. Ласерскиот тест може да одреди кога ќе умре некоја личност и тоа е прв тест од ваков вид во светот. Уредот го анализира ткивото низ кожата, и мери како телото ќе старее со годините.

Овие клетки се наоѓаат во капиларите и одговараат на сложени активности од нашето тело. Уредот кој го патентираа британските научници, го мери протокот од максималното до минималното ниво во ендотелните клетки, а потоа се анализираат резултатите.

Резултат 0 (нула) значи смрт, додека пак 100 подразбира оптимална функција, па според тоа научниците можат да го пресметаат времето до смртта. Со ласерскиот импулс исто така ќе може да се тестираат и некои болести, како на пример рак.

Тестот кој го предвидува времето на смртта го дизајнираа експерти од Универзитетот во Ланкастер, Велика Британија, а во пракса би требало да се појави за три години.