Фудбалска ревија во чест на Денот на АРМ

На помошното игралиште на фудбалскиот клуб „Работнички“ се одигра ревијален натревар помеѓу селекцијата на Фудбалската федерација на Македонија и екипа составена од припадниците на Армијата на Република Македонија.

Средбата се одигра во чест на Денот на Македонската Армија – 18 август. Селекцијата на нашата федерација ја сочинуваа ветерани, поранешни фудбалски звезди. Петар Милошевски, Илчо Ѓорѓиоски, Тони Мицевски, Митко Стојковски, Светозар Станковски, Ванчо Мицевски, Игор Ангелковски, Драган Поповски, Есад Чолаковиќ, Влатко Љушев, Борче Димовски, Жикица Лазаров, Марјан Андревски и Гоце Марковски во дресот на Фудбалската Федерација на Макеоднија беа доволна гаранција за прекрасна фудбалска претстава.  Тие ваквата констација ја потврдива на самиот терен. Во коректен и фер натревар двете екипи постигнаа по еден гол. Фудбалската магија на поранешните македонски репрезентативци ја следеа  околу 800 љубители на спортот.