Во експлозија пред почетокот на Фестивалот на огнометот во Јапонија, повредени се над 60 лица, од кои две потешко, соопштија јапонската полиција и противпожарна служба. Повредените веднаш биле пренесени во болница.
Експлозијата се случила само на неколку минути пред почетокот на Фестивалот на брегот од реката Јура во градот Фукушијама.
Според Локалната економска комора, која е организатор на овој Фестивал, постои можност експлозијата да е предизвикана од канистрите со гас, кои се користат на тезгите поставени на главната локација на Фестивалот.
Во рамките на Фестивалот, во рок од 90 минути требало да има околу 6 илјади огномети, но тоа е откажано поради немилиот настан.
Фестивалот на огнометот се организира секоја година, а минатата година присуствувале 110 илјади лица.