По повод Светскиот ден на млади 12 август, Клубот на млади волонтери при Црвен крст Охрид истиот ден од 20 часот, организираше хуманитарна забава во кафе бар SHILLA, и на тој начин се одбележа истиот.
Забавата со свој репертоар ја збогати бендот “Кј Данте”. Присутните покрај добрата забава имаа можност да донираат и бидат хумани.
Сопствениците на кафе барот SHILLA ја покажаа својата хуманост и општествена одговорност донирајќи одредена сума финансиски средства кои ќе бидат наменети за хуманитарни цели.