На бензиска во Струга се степале кој прв да тури бензин

Утрово, околу 03:00 часот, на бензинската пумпа „Макпетрол“ во Струга, пристигнале две патнички моторн возила управувани од А.Б.(22) од Струга и К.Б.(27) од с. Велешта. Истите започнале вербална расправија, околу тоа  кој прв да наточел бензин во возилото, која потоа прераснала во тепачка во која се вклучиле и други лица од двете страни.

При интервенција на полициски службеници, неколку учесници во тепачката физички ги нападнале полицајците и притоа на еден му ја оштетиле службената облека. Во врска со овој настан, во ПС Струга се приведени неколку учесници во тепачката кои биле во алкохолизирана состојба. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.