Според податоците на Државниот завод за статистика, најголем пораст на најчестите цени на земјоделските производи на зелените пазари во јули 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај компирите, кромидот и тиквичките. Најголемо намалување на цените е забележано кај црвените домати, дињите, црешите и вишните.
Најголемо зголемување на најчестите цени на земјоделските производи на пазарите на големо во јули 2013, во споредба со истиот месец од 2012 година, се забележува кај компирите, кромидот и тиквичките. Најголемо намалување се забележува кај црвените домати, зелката, лубениците и дињите.