Над стотина близнаци, но и тројки и четворки, се собраа во Бретањската област, во селото Плекадек, северозападна Франција, по повод Фестивалот кој е посветен токму на близнаците.
Селото, кое има помалку од две илјади жители, традиционално во август пречекува близнаци кои секоја година ги има се повеќе.
Оваа година, на 20-годишнината од Фестивалот, на главната улица на Плекадек, кое многумина го нарекуваат „село на близнаците“, продефилираа околу 1500 идентични браќа и сестри.