Општинска сообраќајно-воспитна манифестација „Детски семафор“

Општинскиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата Охрид, согласно програмата за работа за 2016 година, во соработка со Локалната самоуправа, Министерството за образование и наука, Министерството за внатрешни работи, годинава, заедно со учениците од основните училишта во Охрид ќе ја реализира традиционалната Општинска сообраќајно-воспитна манифестација „Детски семафор“.

Општинскиот натпревар „Детски семафор 2016“ ќе се одржи денес во основното училиште „Григор Прличев“. Натпреварот се состои од два дела: теоретски дел кој опфаќа полагање сообраќајни тестови и практичен дел – вешто возење на велосипед.

Целта на Општинската сообраќајно-воспитна манифестација „Детски семафор“ е едукација и издигнување на сообраќајно-техничката култура кај младите, запознавање со сообраќајните правила и прописи и подобрување на безбедноста на сообраќајот.