Пронајдени 40 питони во хотел во Канада

Во една хотелска соба во Брантфорд во Онтарио, Канада, пронајдени се 40 питони во пластични садови. Овие змии им припаѓале на еден пар кој е исфрлен од нивната куќа, кои подоцна сместување нашле во хотелот.

Пронајдените питони се долги од 30 сантиметри до 1,4 метри, во лоша здравствена состојба и моментално се на ветеринарски преглед.

Пред повеќе од една недела, еден питон кој побегнал од терариум, задавил две канадски дечиња на спиење.