Спроведена голема акција за чистење на Националниот парк Галичица

Во голема еколошка акција во која беа вклучени претставници од Општина Охрид, НП Галичица, извидници од извидничкиот одред „Пионер“, членови на велосипедскиот клуб „Екодром“, волонтери во Црвен крст и вработени во ЈП „Охридски Комуналец“, изминатиов викенд беа исчистени околината на Велестово и повеќе излетнички места во Националниот парк Галичица.

Акцијата за чистење насловена како „Македонија без отпад“ беше организирана од страна на Министерството за животна средина и просторно планирање, асоцијацијата „Ајде Македонијо“ и компанијата ПАКОМАК.

Учесниците во акцијата собраа поголема количина цврст отпад кој беше подигнат од службите на ЈП „Охридски Комуналец“.