Средба Груевски-Заев за настаните од 24 декември

Денес, во просториите на Владата на Република Македонија беше остварена средба на претседателот на Владата на Република Македонија г-дин Никола Груевски со претседателот на СДСМ г-дин Зоран Заев.

На средбата која беше посветена на разгледување на можностите за придвижување на процесот околу расветлување на настаните на 24 декември се разменија повеќе ставови од двете страни при што се договори:

Во периодот што следува да се вложат последни напори за откочување на процесот, негово интензивирање и донесување на конечно решение околу извештајот на комисијата, како последен обид за постигнување на договор, чие евентуално недонесување ги загрозува европските перспективи на Република Македонија.

На средбата беше договорено, досегашниот краен рок за постигнување на согласност за Извештајот на комисијата, 14 август, да се пролонгира и истиот да биде до петок, 23- ти август 2013 година по што доколку не биде постигната согласност ќе се смета дека не може да се постигне конечно решение.

За договорените активности во наредниот период јавноста ќе биде навремено информирана.