Шумски пожар беснее во САД

Западниот дел од Соединетите Американски Држави, од Ајдахо до Јута, е погоден од огнена стихија против која се борат стотина пожарникари. Изгореа околу 37,250 хектари, а опасност им се заканува на 2.250 домови во градовите Хејл и Кечам.

Пожарите се потпомогнати од силен ветар, но за сега не се загрозени поголемите градови. Огнот зафати нискостеблеста шума, а надлежните сметаат дека пожарот е предизвикан од удар на гром.

Според американските медиуми, во близина се наоѓаат и викендици од познатите актери Арнолд Шварценегер, Брус Вилис и Том Хенкс.