Седуммина туристи од Рим се шокирале кога во едно кафуле во Венеција, (која важи за прилично скап град), за 4 кафиња и 3 ликери добиле сметка од 100 евра.
Римските туристи не прочитале во листата на пијалоци дека и музиката се наплаќа, и тоа по 6 евра по лице, што значи за нив седум тоа ги чинело 42 евра.
Сопствениците на кафулето велат дека сите цени, вклучувајќи го и хонорарот за музиката, се истакнати на менито.
Споменатото кафуле е прочуеното „Кафе Лавена“ на плоштадот Св.Марко, отворено уште во далечната 1750 година, каде германскиот композитор Рихард Вагнер практикувал секое утро да пие кафе, се до неговата смрт во 1883 година.