Свечено отворено новото училиште во Волино

Градоначалникот на Општина Дебарца Игор Трајкоски и министерот за образование и наука Спиро Ристовски, денес во селото Волино го отворија и ставија во функција новиот објект на основното училиште кој е изграден ова лето заедно со новото игралиште кое е во состав на училиштето.

Новиот објект е изграден по сите стандарди, почнувајќи од енергетската ефикасност па се до најмодерни материјали кои се користени во градбата. Објектот има две училници, а инсталирано е и парно греење.

Министерот изјави дека се работи за инвестиција од околу 3.500.000 денари, средства обезбедени од буџетот на Република Македонија и дел со помош на градоначалникот во однос на приклучокот на вода и електрична енергија како и партерното уредување.

Градоначалникот Игор Трајкоски изрази благодарност до Владата на Република Македонија за оваа инвестиција која за прв пат се реализира во општина Дебарца, со оглед на тоа дека повеќе од дваесет и пет години не е изградено ново училиште на територијата на општина Дебарца.

Министерот Спиро Ристовски беше пречекан од жителите на с.Волино како и наставничкиот кадар во ОУ Дебрца кои му посакаа топло добредојде и многу инвестиции во образованието.

Skolo_Volino_3 Skolo_Volino_2