Спречен обид за нелегално внесување на ловечка мунуција од Грција

Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за нелегално внесување на ловечка муниција, притоа запленувајќи 661 парче непријавена муниција.

На 21.08.2013 година за влез во Република Македонија, на граничниот премин Богородица се пријави патничко моторно возило – комбе со грчки регистарски таблици, управувано од грчки државјанин.

При детална царинска контрола на возилото, во просторот под седиштата, пронајдени се 661 парче сокриена ловечка муниција, спакувана во картонски кутии за кои возачот, кој истовремено е и сопственик не поседувалдозвола издадена од Министерството за внатрешни работи на Република Македонија, која е неопходна при увозот на овој вид на стока во нашата земја.

Пронајдената муниција е со калибар од 7 мм до 10мм, и тоа :

– 448 парчиња од 8мм

– 102 парчиња од 9мм

– 11 парчиња од 9,5мм

– 25 парчиња од 7мм

– 75 парчиња од 10мм.

Муницијата, чијашто царинска вредност изнесува околу 13 илјади денари е привремено задржана. Царинската стапка за увоз на виков вид на стока изнесува  25% од вредноста. Против прекршителот, Царинската управа поведе прекршочна постапка согласно Царинскиот Закон.