Во центарот на Загреб бил пронајден ранец со сомнителна содржина, поради што полициските екипи веднаш излегле на терен.
Плоштадот „Бан Јелачиќ“ вчера околу 10 часот бил блокиран бидејќи полицијата го обезбедила местото каде што бил пронајден сомнителниот ранец.
Од Полициската управа во Загреб наведуваат дека станува збор само за рутински проверки на ранецот. Веднаш по проверката состојбата на плоштадот е вратена во нормала.
фото: Dnevnik.hr