Украле злато вредно 3 милиони долари

Вооружени напаѓачи, од кои тројца биле во полициски униформи, украле злато и платина во вредност од три милиони долари, во градот Меделин, северозападна Колумбија.

Групата од осум напаѓачи успеала да ги совлада чуварите на складот и со пленот побегнале со помош на автомобили и моторцикли кои имале полициски ознаки.

Златото и платината кои се украдени од складот требало да бидат транспортирани во САД, изјави началникот на полициската станица во Меделин.