Градоначалникот Никола Бакрачески денес оствари средба со претставници на ракометниот клуб „Охрид 2011“ и со познати бизнисмени од Охрид. На состанокот се разгледуваше можноста Охрид да добие ракометна екипа која ќе се натпреварува во елитната Супер лига.
Градоначалникот Бакрачески истакна дека Локалната самоуптрава е подготвена да го преземе најголемиот дел обрските во клубот. Во текот на денот, од Централниот регистар ќе се побараат упатства за трансформација на клубот во акционерско друштво со што би се остварил првиот услов за учество во најсилната лига.
Познати бизнисмени од Охрид, кои присуствуваа на состанокот, изразија подготвеност да бидат дел од тоа акционерство друштво и да го помогнат ракометот во градот. Тие истакнаа дека треба да се размислува за долгорочни и стабилни решенија и да се изготви сериозна програма.
На крајот од состанокот беше заклучено дека дефинитивно РК Охрид 2011 ќе се трансформира во акционерско друштво и дека ќе се натпреварува во најсилната македонска ракометна лига.