Македонија У19 ја совлада Босна и Херцеговина

Националната селекција на Македонија до 19 години славеше победа од 2-1 во реванш средбата со Босна и Херцеговина во пријателскиот натпревар. Мотивирано и со желба за победа влегоа избраниците на Алексо Мацков. Во петтата минута Имери избори пенал за Македонија, најстрогата казна во водечки погодок ја претвори Велковски. Босанците во 14.минута го израмнија резултатот, Перишиќ постигна убав погодок за 1:1. Конечниот резултат беше постигант во 20 минута, Нуриши асистираше, погоди Сулејманов за наше водство. 

Селекторот Алексо Мацков натреварот го започна во состав: Алексовски, Ристовски, Трајковиќ, Каракамишев , Талевски, Имери, Ѓоргиев, Велковски, Сулејманов и Наумовски.

„Покажавме карактер. Имавме поголема желба за победа. Двата погодоци беа постигнати како резултат на нашата одлична комбинаторика. До сега оваа генерација има одиграно голем број на натревари. Тоа во голема мера придонесе да се подигне нивото на другарување на навистина високо ниво, а со самото тоа и мотивираноста и желбата за победа е поголема. Напредок е евидентен. Во споредба со првиот натревар против Босна и Херцеговина одигравме значително поцврсто. Се надевам дека подготвени ќе ги дочекаме претквалифиакците во Струмица и Турново“, – истакна селекторот Мацков.