Врз основа на член 39 од Законот за локална самоуправа и член 26 од Статутот на општината Охрид, Претседателот на Советот Гордана Коњановска донесе Решение за свикување на десеттата седница на Советот на Општина Охрид. Седницата ќе се одржи во петок (30 август) со почеток во 13:30 часот. За седницата предложен е следниот:
Д Н Е В Е Н Р Е Д
Усвојување на Записник од 9-тата седница
- Предлог Одлука за организирање на подрачно училиште во с. Ливоишта во состав на ОУ „Ванчо Николески“ с. Лескоец.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање групи во ЈОУДГ „Јасна Ристеска“ Охрид, со помал односно поголем број на деца од законски утврдениот број.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 24 ученици во основните училишта во општина Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОЕМУЦ „Свети Наум Охридски“ Охрид.
- Предлог Одлука за давање согласност за формирање паралелки со помалку од 25 ученици во ОУТУ „ Ванчо Питошески“ Охрид.