Царинската управа на Република Македонија во период од 16 до 20 мај 2016 година, во соработка со Philip Morris TKP LLC Скопје, одржува обука за препознавање и идентификување на фалсификувани и шверцувани тутунски производи, во Скопје, Гевгелија и Битола.
Учесници на обуката се царински службеници во чија надлежност е откривање и спречување на кривични дела и царински прекршоци, во кои спаѓаат фалсификување и криумчарење на производи од тутун и истите имаат можност да се запознаат со методите и начините на препознавање и идентификување на фалсификувани и шверцувани тутунски производи.
Во насока на што по квалитетна и ефикасна обука, од страна на Philip Morris TKP LLC Скопје обезбедени се соодветни сетови т.н. toolkit кои се состојат од UV ламба и лупа, како и оригинални пакувања на некои од производите на Philip Morris, со помош на кои во текот на обуката учесниците можат да направат споредба помеѓу оригинално и фалсификувано пакување.