Премиерот Никола Груевски оваа година очекува откупот на тутунот да биде стабилен, со соодветна динамика и без сериозни проблеми.
„Остануваат субвенциите кои ние ги гарантираме и ги исполнуваме во изминатите години. Пред доаѓањето на ВМРО-ДПМНЕ и оваа Влада само во фантазиите можеше да се замисли само едно евро да се дава за килограм тутун. Некои луѓе мислеа дека тоа е недостижно, но тоа го постигнавме само во еден ден. Дојде ВМРО-ДПМНЕ на власт и ги смени работите и тоа години наназад се спроведува“, рече Груевски, одговорајќи на новинарско прашање по посетата на Прилеп.
Според него, може да се смета дека и следната сезона навреме ќе бидат исплатени субвенциите.
„Согласно согледувањата на Министерството за земјоделство и оваа година очекуваме релативно добра просечна цена, како лани, 180 денари, а за поквалитетниот тутун и над 200 денари“, истакна премиерот.
Владата, како што потенцира, будно го следи производството и секогаш, кога може, е подготвена да им помогнеме на тутунарите.