Царинските службеници од граничниот премин Богородица спречија обид за внесување на 1250 парчиња непријавена ловечка муниција.
На 27.08.2013 година за влез во Република Македонија, на граничниот премин Богородица се пријави патничко моторно возило со грчки регистарски таблици, управувано од грчки државјанин, придружуван од двајца сопатници, кој на прашање на цариниците изјави дека покрај 1200 парчиња муниција и 4 парчиња ловечки пушки, за кои поседува одобрение за увоз издадено од Минисерството за внатрешни работи на Р.Македонија, нема друга стока за пријавување.
Поради сомневање во одговорот, цариниците спроведоа детална контрола на возилото при што во патничка торба и кутија за храна, пронајдени се уште 1250 парчиња непријавена 12мм калибарска ловечка муниција за која сопственикот, возачот на патничкото моторно возило, не поседувал одобрение од МВР.
Вредноста на муницијата се проценува на околу 25 илјади денари, при што се избегнати царински давачки во износ од 12 илјади денари.
Муницијата е привремено задржана, а против прекршителот, Царинската управа поведе прекршочна постапка согласно Царинскиот Закон.
Во последните седум дена, цариниците на граничниот премин Богородица спречија три обиди за нелегално внесување на ловечка муниција од страна на грчки државјани, при што се запленети вкупно 2203 парчиња муниција.