Ќе се затвори секоја четврта приватна банка во Швајцарија

Секоја четврта приватна банка во Швајцарија ќе биде затворена во наредните 3 години, наведуваат заедничките студии од мрежата на независни фирми КПМГ и Универзитетот Сен Гал.

Приватните банки во Швајцарија во 2012 година во просек привлекле 4% поголем капитал во однос на претходната година, заблагодарувајќи им на добрите финансиски пласмани, но според проценката на експертите секоја четврта приватна банка би можело да престане со работа во наредните 3 години.

Големите швајцарски приватни банки го зголемија обемот на нивните услуги и го зголемиле профитот, но за финансиските институции со капитал помал од пет милијарди франци, ситуацијата е критична.

Изминатата година затворени се 13 приватни банки, така што со работа продолжиле 148 , а како што се проценува 25% до 30% од нив ќе се затворат во наредните 3 години поради непрекинатиот притисок од странство.

Половина од приватните швајцарски банки минатата година го намалиле бројот на вработени, а само најголемите отвориле нови работни места. Во просек, годишната заработка на вработените во овие банки, останала на нивото од 2011 година, околу 213.000 франци.