Лицата кои примаат социјална помош ќе плаќаат 50 отсто поевитни геодетски елаборати при легализирањето на своите дивоградби. Оваа одлука, како што соопшти премиерот Никола Груевски, Владата ќе ја усвои на наредната седница.
„Сите приматели на социјална помош ќе добијат силна поддршка во правец на легализација на нивните дивогрдаби. Ова е дел од нашите напори за забрзување на завршувањето на процесот на легализацијата на дивоградбите“, изјави Груевски.
Според него, Катастарот изминатите недели и месеци имаше долги преговори со здруженијата на геодетите при што двете страни се согласиле цената на елаборатите за легализација на дивоградбите за лицата приматели на социјална помош да се намали за 50 проценти.