Екипите на „Јавна Хигиена“ утрово беа на терен од 5:00 часот и ги метеа пристапните патеки, школските дворови и просторот околу градинките, основните и средните училишта во градот.
Изминатите две недели, по налог на Општина Охрид, генерално се чистеа и хортикултурно се уредуваа повеќето дворови од образовните институции со чистење, косење, кроење на крошните од дрвјата, засадување на украсни садници и цвеќа.
На овој начин Ј.П. „Охридски Комуналец“ на нашата најмлада популација им посакува успешен старт во новата учебна година.