Денес попладне од пред просториите на Македонската Кошаркарска Федерација, делегацијата на нашата кошаркарска репрезентација отпатува за Словенија, каде во среда ќе го почне настапот на Евробаскетот 2013 година.
Репрезентацијата слета во Љубљана, од каде потоа со автобус отпатува за Крањска Гора каде што ќе биде сместена за време на одигрувањето на првата групна фаза. Крањска Гора се наоѓа на 20-тина километри од Јесенице, местото каде што ќе ги играме натпреварите во рамки на Групата Б.
За утре репрезентативците имаат предвидено два тренинзи, а уште еден дополнителен ќе имаат и во утринските часови во среда, на денот на одигрувањето на првиот натпревар против Црна Гора.