ВМРО-ДПМНЕ: Сите наставници и професори се на своите работни места

„СДСМ не се менува ниту со новиот Претседател на Општинската Организација Охрид . 

И понатаму изборот на СДСМ за водење политика е промовирањето на невистини, тешки лаги и манипулации. Заради тој пристап и се поразени од граѓаните на последните избори.

Тешка лага и манипулација е дека стручни наставници и професори биле отстранети од образовниот процес во училиштата во Охрид. Единствената промена се однесува на оние кадри кои биле времено ангажирани со договор на одредено време и за кои рокот на временото вработување истекoл. Сите наставници и професори се на своите работи места.

 Проблемите кои СДСМ сам ги генерирал ги упатуваме да ги решава во својот двор и да престане со невистини и лаги да ја манипулира јавноста.

Образовниот процес во Општина Охрид  отпочна комплетно и беспрекорно, со многу инвестирање во училиштата и во таков ритам ќе тече низ целата учебна година затоа што за ВМРО-ДПМНЕ образованието е врвен приоритет“, – стои во реакцијата од ОК на ВМРО-ДПМНЕ Охрид.