На Градскиот плоштад „Св.Климент Охридски“, во рамките на одбележувањето на 8-ми септември – Денот на независноста на Р.Македонија, од утре (04 септември) граѓаните на Охрид ќе можат организирано да ги следат настапите и да дадат поддршка на Македонската кошаркарска репрезентација на Европското првенство во кошарка, кое се оддржува во Словенија.
Општина Охрид, пред ТВ преносите, ќе организира посебна спортска-забавна програма, со ревијално учество на спортски екипи од Охрид.
04.09.2013- среда
– 17:00 – мал спортски саем на спортски здруженија од Охрид
– 17:45 – следење на кошаркарскиот натпревар Македонија-Црна Гора
На посебни штандови на Градскиот плоштад по рекламни цени ќе се нуди плашица и пиво.
05.09.2013 – четврток
– 17:00 – ревијален Ватерполо натпревар помеѓу ветераните од Охрид и Струга на Градското пристаниште
– 17:00 – почеток на натпревари во училишен басекет на Градскиот плоштад во машка конкуренција
– 21:00 – следење на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија –Литванија
06.09.2013 – петок
– 17:00 – почеток на натпревари во училишен басекет на Градскиот плоштад во женска конкуренција
– 21:00 – следење на кошаркарскиот натпревар помеѓу Македонија –Србија
Организатор на настаните е Општина Охрид, во соработка со Црвен Крст од Охрид, Ј.П. „Билјанини Извори“ и останатите општински јавни претпријатија.