Акција за кабаст отпад „Стар град“ во сабота

Ј.П. „Охридски Комуналец“ од  оваа сабота започнува со есенскиот циклус на акции за подигнување кабаст и зелен отпад. Секоја сабота од месеците септември и октомври е резервирана за подигнување кабаст отпад, а во месец ноември ќе се подигнува зелен отпад. Со акциите етапно ќе бидат опфатени сите реони и населби од градот, за што граѓаните ќе бидат благовремено информирани. За динамиката со која се испланирани овие акции граѓаните можат да се информираат и од годишните календари.

Ј.П. „Охридски Комуналец“ – Охрид ги известува граѓаните на општина Охрид дека на ден 07.09.2013 год.(сабота) ќе организира акција за подигнување на кабаст отпад (душеци, стар мебел, телевизори, шпорети, теписони и др.)  од реонот „Стар Град“.

Се молат граѓаните кои живеат на споменатите делови од градот доколку имаат ваков отпад уредно да го депонираат најкасно до 10:00 часот  и претходно да го пријават во Р.Е. „Механизација“ на телефонот 046/265-353 со наведување на локацијата, за да можат службите од Ј.П. „Охридски Комуналец“ благовремено да го подигнат.