Општина Охрид, во соработка со Фудбалската федерација на Македонија, организира навивачки караван за поддршка на македонската фудбалска репрезентација на утрешниот натпревар со Велс.
За навивачкиот караван, кој ќе биде составен од ученици од трите охридски средни училишта, обезбеден е бесплатен превоз со два автобуси и билети за следење на фудбалскиот натпревар Македонија- Велс. Натпреварот ќе се одигра утре на арената „Филип Втори“ во Скопје, со почеток во 19 часот.