Ветераните од поранешните ватерполо клубови од Охрид и Струга, попладнево на Градското пристаниште, со почеток во 17 часот, во рамките на хепенингот „Да навиваме заедно за Македонија“, ќе одиграат ревијален натпревар.
Натпреварот ќе биде потсетување за времињата кога во Охрид и Струга имаше ватерполо клубови и езерски дерби натпревари и тие беа вистинско спортско доживување.