Секторот ТЛЕР ја промовира ревидираната стратегија и акционите планови за локален економски развој

Општина Охрид и Секторот за туризам и локален економски развој, ја завршија ревизијата и ажурирањето на Стратегијата за одржлив локален економски развој. Ажурирањето пред се се однесува на усвојување на акционите планови за 2013 – 2014 година,  како и плановите за мониторинг и оценка на задачите и активностите кои произлегуваат од акционите планови.

Во акционите планови се интегрирани годишните програми на Секторите и одделенијата на Општина Охрид со што на овој начин ќе се овозможи подобар увид во динамиката на нивната реализација а со јавниот увид во овие акциони планови се придонесува кон транспареност спрема граѓаните.

Во соработка со Секторот за комунален развој и сообраќај, изготвена е и поднесена апликација за реализација на проектот за рехабилитација на локалниот патен правец Косел – Вапила – Сирула, како и за асфалтирање и уредување на улици во населеното место Косел во вкупна должина од 1 км. Исто така, изготвена и поднесена е апликација за уредување, означување и промоција на културни, излетнички и историски локалтети – Црквата „СВ. Наум“ во Лескоец и Гробницата на Војводата Аргир Маринчев во месноста Грмешница. Апликација е поднесена и за рехабилитација на каптажниот систем на водоводната мрежа во селото Куратица, а доставен е проект за удерување на малиот плоштад преку фондовите на УНЕСКО и партнери од Германија.

Инфраструктурните проекти поднесени до Националната агенција за поддршка на земјоделието и руралниот развој се изработени во соработка со Секторот за комунален развој и сообраќај, а за прв пат во изминатите 8 години се случува Општина Охрид да поднесе проекти за финансирање во оваа програма, а исто така за прв пат секторот за туризам и лер и општина Охрид поднесоа 4 проекти во ИПА програмата за прекугранична соработка со Република Грција.

Аплицирани се и проекти како BiHiFi – велосипедизам, планинарење, рибарење, WATERNET – за изградба на прекугранична мрежа за промоција на туристичките вредности на водите, PRO – TECT – промоцја на културно – религискои духовно наследство. Во социјалната сфера, Секторот за туризам и ЛЕР аплицираше на проектите за Зголемување на мултиетничката свест кај младите луѓе, промовирање на одржливо вработување и поддршка на Владата на оперативните планови, проектот за изградба на подземни контењери и отворање на дневен центар за лица со интелектуална попреченост во Министерството за труд и социјална политика.