Летечки Холанѓанки

Чувството да се лета со параглајдер дефинитивно не може да се опише со зборови, особено над Охрид и Охридското Езеро. Оној кој пробал знае, додека пак оној кој не пробал мора да проба, препорачуваат двете Холанѓанки, Хана и Лејни, кои што ги затекнавме при слетувањето на СРЦ „Билјанини Извори“.

„Ние сме од Холандија, втор пат сме во Охрид, но прв пат летаме со параглајдер. Беше извонредно, двајцата инструктори беа одлични, ни го покажаа Охрид од еден сосема поинаков аспект. Доколку имаме време ќе го направиме тоа повторно, ако не следна прилика. Инаку природата е фантастична, и не само природата, во Охрид има прекрасни луѓе, култура, храна…“, – изјавија за WebOhrid воодушевените Хана и Лејни.

Како што велат тие, ова за нив претставува извонредно доживување и ветуваат дека повторно ќе се вратат во убавиот Охрид.

WebOhrid