Општина Охрид во соработка со Фудбалската федерација на Македонија и А.Д „Галеб“, организира навивачки караван од стотина средношколци, кои вечерва ќе ја бодрат македонската фудбалска репрезентација во натпреварот против Шкотска.
За средношколците обезбеден е бесплатен превоз со два автобуси и билети за натпреварот што ќе се одигра на арената Филип Втори со почеток во 20 часот и 30 минути. Навивачите, како и на минатиот натпревар против Велс, уверени се дека ќе и донесат среќа на македонската фудбалска репрезентација.