Охридските пензионери по трет пат го освоија првото место на Републичките спортски натпревари во Штип

 Денеска Здружението на пензионерите од Охрид и Дебрца во Домот на пензионерите одржа прес конференција, по повод освојувањето на првото место на Републичките спортски натпревари одржани викендов во Штип.  

 За ова престижно постигнување од областа на спортот, зборуваше претседателот на Извршниот одбор на ЗП Охрид и Дебрца, Ѓорѓи Трпчески кој посебно истакна дека оваа манифестација се одлучи да се одржи на Денот – светол празник на нашата држава, осми септември.            

 По трет пат последователно Охридското здружение на пензионери е републички првак на оваа Пензионерска спортска олимпијада на која се освои пехарот во трајна сопственост и преодниот пехар, а во присуство на претседателот на ЗП на Македонија Драги Аргировски, градоначалникот на Штип Илчо Захариев и министерот за труд и социјална политика Диме Спасов. За врвниот резултат  и освоените места 4 златни 5 сребрени и 1 бронзен медал, говореше Ристо Трајкоски, претседател на комисијата за спортски активности при ова здружение.  

 Охридското здружение е единствено во државата кое за вакви активности ангажира и доктор кој се грижи за здравјето на спортистите.     

 Како што истакнуваат од ЗП Охрид и Дебрца, сево ова треба да претставува мотив плус за младата генерација, повеќе да спортува, односно и напоредно да се создадат оптимални услови за спортување на охридските пензионери.

penzioneri-medal2