Спасен после четири месеци лутање по Андите

Аргентинските власти го спасиле Уругваецот Раул Гомез Синсунегуј (58), кој во мај се изгуби на Андите, а пронајден е во импровизирано скривалиште во долината Лос Патос Сур на надморска височина од околу 4500 метри.

Полицијата веднаш со хеликоптер го префрлила во болницата во Сан Хуан. Тој бил гладен и дехидриран, но генерално во добра здравствена состојба.

Гомез преживеал хранејќи се со шеќер и суво грозје, кое го носел со себе кога со моторцикл тргнал на пат од Уругвај до Чиле. Кога му се расипал моторот на висина од 4000 метри, тој пробал пеш да ја премине планината, но залутал при една снежна бура.

zalutan