Слон побегнал од циркус и убил човек

Слон побегнал од циркус во близина на Париз и убил 84-годишен човек, соопшти полицијата.

Слонот, вообичаено, настапувал во циркуската претстава после што бил вратен во неговиот кафез. Но, слонот успеал некако да зграби и да стави церада врз електричната ограда која се наоѓала околу кафезот и ги срушил препреките и приколките кои биле околу оградата. Потоа тргнал кон еден стар човек кој го удрил со предниот дел од телото, фрлајќи го на земја.

Неидентификуваниот старец веднаш бил префрлен во болница, но набрзо им подлегнал на повредите.